За време на преносот на божиќното обраќање на Папата Франциск, водителката на телевизијата ITV, Кајли Пентелов, направи голема грешка и рече дека Папата е мртов.
„Празничната порака на Папата беше фокусирана на молитвите за конечно на пандемијата и се види крајот. Порача дека вакцините треба да бидат достапни за сите на кои им се потребни. Неговата смрт е најавена… Извинете“, рече Кајли која веднаш ја увиде грешката која ја направи.
ITV just announced the death of The Pope by accident pic.twitter.com/GS5RNCdm5b
— Scott Bryan (@scottygb) December 25, 2021
Иако водителката за брзо се извади и премина на друга тема, гледачите ја приметија нејзината грашка и како таа го предвреме го погреба поглаварот на римокатоличката црква.
„Некој нека ѝ даде на водителката пијалок одма. Па сите правиме грешки“, порача телевизискиот критичар Скот Брајан и додаде дека Папата не е мртов.
За потсетување, Папата Франциск секоја година традиционално, на католичките верници им се обраќа од балконот на базилката Свети Петар, а во божиќната проповед, ги повикува светските лидери да не се оддалечуваат од социјалните врски и значајниот дијалог.