(Видео) Гвен Стефани среде емисија ја покани Елен Деџенерис да ѝ биде старосватица

(Видео) Гвен Стефани среде емисија ја покани Елен Деџенерис да ѝ биде старосватица

пред 4 години

Американската пејачка Гвен Стефани на шега ја покани водителката Елен Деџенерис да ѝ биде старосватица на венчавката со кантри-пејачот Блејк Шелтон. Гвен неодамна беше гостинка во шоуто на Елен, па откако кажа дека со Блејк се подготвуваат за свадба, познатата водителка ја праша каква улога ќе има таа на нивната венчавка.

„Не сме се виделе една година, од пред свршувачката. Што се случува, до каде се плановите за свадба? Знам дека Мајли Сајрус сака да ви пее, па што можам да направам јас?“, праша Елен во интервјуто.

„Размислував долго време како да те вклучам во венчавката, па решив да ми бидеш старосватица. Ама ќе мора да ти ставиме екстензии во косата, за да биде долга и ќе имаш обврска да се погрижиш за цветните аранжмани“, ѝ одговори Гвен, а Елен рече дека е подготвена на сè, дури и да носи фустан, само да дојде на свадбата.

Гвен и Елен се пријателки долго години. Тие се дружеа често пред пандемијата и во тоа време постојано објавуваа заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top