На крајот на годината ќе почне да се прикажува новиот филм за принцезата Дајана, Spencer, а на кралското семејство не му се допаѓа, затоа што во него принцезата е прикажана како емоционално нестабилна и склона на самозадоволување.
Во една од сцените таа фантазира да се самоубие, да се фрли по скалите или да се задуши со накитот бисери кој ѝ го подарил принцот Чарлс. Во една од сцените таа води борба со булимија и е прикажана како се обидува да поврати и ја халуцинира сопствената смрт.
Она што најмногу го погодило кралското семејство е сцената под туш, каде Дајана мастурбира, велат кралските биографи. Тие велат дека во таа сцена на покојната принцеза и е одземено секое достоинство, пишува „Дејли Мејл“.
„Многу е сурово принцезата Дајана да биде прикажана на овој начин. Тоа е сосема непотребно. Вилијам и Хари ќе бидат љути поради ова. Ужасно ќе им биде што нивната мајка ќе биде прикажана во филмот на ваков начин“, рече Ингрид Севард, главната уредничка на магазинот Majesty.
Со неа се согласува и експертот за кралското семејство, Пени Јуниор, која исто така смета дека некои работи во филмот се непотребни и претерани.
„Можам само да речам, јаден Вилијам. Да и оставиме на Дајана барем грам достоинство. Знам дека Вилијам беше таму кога таа беше несреќна, но, ми звучи како филмот да е целосно неточен“, рече Пени.
Исто така во една од сцените, принцот Вилијам бил на раб да заплаче и да ја моли мајка му да му се приклучи на вечера додека таа се самозадоволувала во заклученото купатило. Потоа принцезата се појавува со размачкана маска по лицето и го прашува синот дали ја видел Камила Паркер на божиќното утро во црква.
Филмот премиерно ќе се прикаже на филмскиот фестивал во Венеција, а улогата на Лејди Ди ќе ја има Кристен Стјуарт.