Легендарниот маестро Александар Џамбазов, кој неодамна почина, денеска требаше да наполни 86 години. Неговиот син, актерот и шоумен Игор, му ја испеа песната „Довидување“, која Јосипа Лисац ја изведе на еден од Скопските фестивали на забавна музика, на кој и самиот маестро Џамбазов бил диригент.
„Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени. Довидување, маестро мој“, напиша Игор во својата емотивна објава на Инстаграм.
По смртта на својот татко, Игор се повлече во Дојран, каде претходно ја помина зимата.
За потсетување, маестро Џамбазов ненадејно почина на 25. јануари. Веста за неговата смрт ја објави Игор преку својот Инстаграм профил. Тој беше погребан неколку дена подоцна, откако претходно истиот ден се одржа комеморација за него.