Состојки:
- 350 гр. јагоди
- 2 лажици густин
- 3 жолчки
- 2 полни лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200 мл. слатка павлака
- 500 мл. млеко
Подготовка:
За почеток, изматете ги јајцата со шеќер, а потоа додадете густин и ванилин шеќер. Матете сè додека овие состојки не добијат кремава и глатка текстура. Во блендер ставете ги јагодите и изматете ги. На среден оган загрејте го млекото и павлаката, а потоа додадете ги изматените жолчки. Мешајте константно за да смесата не се залепи на дното. Кога смесата ќе се загрее и соедини, додадете ги изблендираните јагоди. Продолжете да мешате. Смесата полека ќе станува сè погуста. Кога смесата ќе се згусне, вашиот пудинг е готов.
Распоредете го во чинии и додадете уште малку јагоди. Не е задолжително, но ќе има побогат вкус. Покрај јагодите, додадете го и малку кекс, така што ќе добиете десерт, идеален за летните денови.
<iframe width=”630″ height=”360″ src=”https://www.youtube.com/embed/7tdZMpJZ4Lw” title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>