Играчот на Вардар Тимур Дибиров се најде во тимот на колото во Лига на шампиони во изборот на ЕХФ, а неговиот гол против Елверум беше избран за вториот најубав гол шампионатот.
Дибиров и Вардар имаа одлична вечер и го победија Елверум со 39:30. Тимур постигна седум гола и се наметна во изборот за најдобрата седумка за последното коло од групната фаза во елитното европско натпреварување.
За потсетување, Вардар за прва пречка во нокаут фазата од Лигата на шампионите ќе го има Веспрем.
?️ Timur Dibirov was @HCVardar‘s top scorer with seven goals tonight – the last one being simply outstanding ?#ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/4ijyrrS9dd
— EHF Champions League (@ehfcl) March 9, 2022