(Видео) Заради начинот на кој ја повлече војската од Авганистан, семејствата на жртвите од 11 септември не го сакаат Бајден на одбележувањето на 20 годишнината од нападот на кулите близначки во Њујорк

(Видео) Заради начинот на кој ја повлече војската од Авганистан, семејствата на жртвите од 11 септември не го сакаат Бајден на одбележувањето на 20 годишнината од нападот на кулите близначки во Њујорк

пред 3 години

Заради начинот на кој ја повлече војската од Авганистан, семејствата на жртвите од 11 септември не го сакаат Бајден на одбележувањето на 20 годишнината од нападот на кулите близначки во Њујорк.

Ник Херос помладиот, син на Фресис Херос, една од жртвите од терористичкиот напад кој се случи на кулите близначки, на 11 септември 2001 година, во понеделникот рече дека Бајден не треба да присуствува на 20 годишнината од големата трагедија.

Тој објасни дека Бајден не треба да ги посети трите меморијални места,  поради начинот на кој го извел повлекувањето на американската војска од Авганистан.

„Барам претседателот Бајден да не се осмели да се покаже на одбележувањето на 11 септември“, рече Херос за „Фокс њуз“. „Тоа сега е свето место и навистина мислам дека местото не му е таму“, дополни тој.

Неговата мајка, 76 годишната Франсис, која работела како рецепционерка во горниот дел на Јужната кула, била исто така една од жртвите. Нејзините остатоци никогаш не биле најдени.

Неговиот татко се нашол на локацијата во 2001 година и помагал во потрагата по преживеаните, пренесува „Њузмакс“. Од Белата куќа објавија дека Бајден има намера да ги посети сите три меморијални места на 11 септември во сабота, на 20 годишнината од нападот на Ал Каеда.

За потсетување, пред 20 години се случи еден од најголемите терористички напади, во Њујорк, во кој загинаа речиси 3000 луѓе. Херос го нарече срамно, тоа што Бајден ги користи мртвите тела како политички реквизит, за својот таканаречен победнички круг.

„Тој е нечувствителен и не покажува сочувство кон семејствата“, рече Херос. „Не, Џо, нема победа, сега во Авганистанската војна сме 2:0. Тие воскреснати жртви ја чуваа Америка од штета сите тие години. Бајден не смее да ја посрамоти нивната милост и патриотизам, затоа што го нема“, рече Херос.

Јерос го нарече Бајден главен убиец, објаснувајќи дека не се работи само за 13 војници и жена кои загинаа во самоубиствениот напад во деновите пред повлекувањето на аеродромот во Кабул.

„Не се само 13 загинати. Имаше илјадници Американци и приврзаници на Авганистан кој останаа да умрат“, рече Херос. „Бајден е соучесник во надоаѓачкиот геноцид над Американците и Авганистанците“.

Share
Scroll to Top