Актерот и шоумен Игор Џамбазов утрово со песна им ја честита на сите првачиња учебната година. Тој со хитот пред педесет години, „Првото ѕвоно ѕвони“, им посака успех, среќа и многу петки во школската година.
Некои од родителите му напишаа дека и ним им го разубавил денот.
„Браво, Игор, еден и единствен. И нам ни го разубави денот. Фала ти за песничето“, му напишаа тие.