(Видео) Илма Карахмет им пееше дома на сопствениците на светскиот бренд Disquared2

(Видео) Илма Карахмет им пееше дома на сопствениците на светскиот бренд Disquared2

пред 3 години

Илма Карахмет публиката ја запозна благодарение на музичкото шоу „Икс Фактор Адриа“. По завршувањето на шоу-то, таа ја продолжи својата музичка кариера. Нејзиниот глас им се допадна на  сопствениците на познатиот бренд „„Dsquared2“, Дин и Дан, па неодамна беше гостинка во нивниот дом во Милано.

„Имам голема чест и задоволство да бидам гостинка на приемот на светските модни дизајнери Дин и Дан во Милано, каде ми ги отворија вратите од својот дом. Таа чест ја имам токму поради тоа што го сакаат мојот глас и пеев специјално за нив. Пресреќна сум, навистина на мојата среќа и нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надевам“ – напиша Илма на социјалните мрежи.

Српските медиуми претходно ишуваа дека еден од сопствениците на брендот бил присутен на нејзин концерт и така започнало нивното познанство.

„Еден од сопствениците на „Dsquared2“, Дин, ме слушнал на „Јутјуб“ и имал желба да ме запознае. Јас имав концерт во Минхен, кој беше на англиски јазик и одеднаш човекот се појави во публиката. Во сета таа возбуда и воодушевување, имав желба да му отпеам една песна, само за него и дознав која му е омилена, па така и се случи – изјави пејачката за медиумите, додавајќи дека после концертот се дружеле заедно, како и дека прашање на време е кога би се остварила некоја соработка.

И пејачката и од брендот споделија неколку фотографии и видеа кои пренесуваат дел од атмосферата.

Share
Scroll to Top