(Видео) Илон Маск лансираше уште 60 сателити во орбитата

(Видео) Илон Маск лансираше уште 60 сателити во орбитата

пред 6 години

Компанијата на милијардерот Илон Маск, „Спејс икс“, лансираше денес уште 60 сателити „Старлинк“, дополнително зголемувајќи ја својата вселенска интернет мрежа. Тоа беше дваесеттото успешно лансирање, а бројот на сателити „Старлинк“, во орбитата порасна на 1124.

Неговата цел е да лансира повеќе од 40.000 сателити, кои пренесуваат интернет до корисниците ширум светот, а во моментов услугата на вселенскиот интернет ја користат околу 10.000 луѓе.

Компанијата го лансираше својот прв сателит во орбитата во 2018 година. Целта на мисијата била да им овозможи на луѓето во подрачјата со ниска до умерена густина на населеност ширум светот, пристап до брз интернет, вклучително и луѓето кои никогаш претходно немале пристап до интернет.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top