(Видео) Канта што зборува ќе ги учи скопјани да не фрлаат ѓубре

(Видео) Канта што зборува ќе ги учи скопјани да не фрлаат ѓубре

пред 1 година






Канта што зборува ќе ги учи скопјани да не фрлаат ѓубре наоколу. Канатата ја креираа групата Урбани уметнички акции, кои делуваат во рамки на Центарот за современи уметности. Оттаму велат дека ја направиле од рециклирани материјал, стара цевка за канализација и во неа има електроника со сензори.

Тие го детектираат движењето на луѓето и ги опоменуваат да не го фрлаат ѓубрето. Откако некој ќе фрли ѓубре во неа, канатата ќе му се заблагодари и ќе ја раскаже приказната за ѓубрето во градот. Кантите ќе бидат поставени од наредната недела пред кафе барот „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во центарот на Скопје.

Од Центарот објаснија дека луѓето имаат можност да поразговараат со кантата и таа да им објасни зошто градот Скопје е толку валкано место за живеење. Исто така луѓето можат да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат сите канти за ѓубре во градот. Тие се надеваат дека на овој начин кај скопјани и сите граѓани ќе се подигне свеста на едно повисоко ниво за поубав и почист град.






Share
Scroll to Top