(Видео) „Кока Кола“ изгуби 4 милијарди долари откако Роналдо ги тргна шишињата на прес

(Видео) „Кока Кола“ изгуби 4 милијарди долари откако Роналдо ги тргна шишињата на прес

пред 3 години

Светскиот бренд „Кока Кола“изгуби 4 милијарди долари на берзата, откако Кристијано Роналдо на пресконференција пред натпреварот со Унгарија ги тргна шишињата со газираниот пијалак и пред себе стави вода.

„Пијте вода“, рече капитенот на Португатлија пред новинарите.

Падот на акциите на „Кока Кола“ е најголем пад во 2021 година. Вредноста на брендот „Кока Кола“ се проценува на 242 милијарди долари.

За потсетување, Роналдо е голем перфекционист, па покрај тоа што вежба постојано, големо внимание посветува на исхраната. Тој во едно интервју изјави дека не му дозволува на својот највозрасен син да конзумира сокови и чипсови.

Share
Scroll to Top