(Видео) Комити приредија шоу на Градски, гореа факели и ечеа песни за 75. роденден на Вардар

(Видео) Комити приредија шоу на Градски, гореа факели и ечеа песни за 75. роденден на Вардар

пред 2 години

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го прослави 75. роденден. Голем број навивачи од Комитите излегоа на улиците низ Скопје и дојдоа на стадионот „Тодор Проески“ да го прослават големиот јубилеј. На пријателскиот натпревар со Железничар, направија вистинска фешта.

dobivaj vesti na viber

Гореа факели, се пееја патриотски песни и го вееја македонското знаме. Атмосферата се вжешти кога Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ заедно ја отпејаа „Ја излези Ѓурѓо“. Вардарци се потсетија на убавите шампионски денови и посакаа клубот да се врати во елитата и повторно да освојува трофеи.

За потсетување „Црвено-црните“ славеа со 2:0, а навивачката група „Комити“ прослави уште еден голем јубилеј, 35 години од постоењето.

Share
Scroll to Top