(Видео) Компанијата на Apple од 2025 година ќе почне со производство на електрични автомобили

(Видео) Компанијата на Apple од 2025 година ќе почне со производство на електрични автомобили

пред 3 години

Од компанијата на Apple најавија дека од 2025 година ќе започнат со производство на електрични автомобили. Инженерите работата ја започнаа уште од 2014 година, преку истражувачката програма project Titan, но, во меѓувреме прекинаа

Тие се откажаа од работата на својот автомобил и рекоа дека сакаа да се посветат на развојот на софтверот за автономно возење. Минатиот месец од Apple рекоа деа нема да се откажаат од првичните амбиции.

Се појави информација дека ИТ гигантот преговара и со тајвантскиот производител на полупроводници TMSC. Желбата за соработка е мотивирана од технолошките решенија на Тајванците неопходни во производството на чип кој овозможува автономно возење.

Тамошните медиуми објавија дека двете компании се блиску до договор за соработка и дека Apple сепак ќе произведува автономни возила. Снимката која деновиве се појави на интернет, покажува дека првиот Apple автомобил потсетува на оној на „Тесла“, Cybertruck. 

Во Америка на големо се зборува за автомобилите на Apple, кои се движат низ улиците на Калифорнија за тестирања. На официјалната страна на компанијата Vanaram, која се занимава со лизинг на автомобили, објавена е 3Д снимка од електричен автомобил кој би требало да го понесе логото на Apple. Станува збор за елегантен бел SUV-u, а препознатливата јаболка ги краси решетките и тркалата.

Електричниот автомобил на снимката со својот дизајн многу потсетува на оној на „Тесла“, Cybertruck. Острите краеви, едноставната надворешност, хаубата, фаровите, својствени за возилата, го прават Cybertruck препознатлив во светот по електричните автомобили.

Фановите на компанијата веруваат дека Apple со елегантни решенија на екстериерот ќе ја избегне сличноста со конкурентите и ќе ги освои срцата на љубителите на електрични автомобили, кои не ги сакаат милениците на Маск во својата гаража.

Share
Scroll to Top