Лос упадна во кино во Алјаска и ги исплаши вработените. Смешниот момент е снимен од безбедносните камери. Откако влезе животното им ги изеде сите пуканки кои беа на масата. Дел од вработените го видова, но се исплашија и не сакаа да превземат било што.
„Бев шокирана. Ги помириса пуканките и ги изеде. Јас немам пораснато во Алјаска, па не знаев дека малите лосови се безопасни. Но, никогаш не знаете што може да се случи“, рече една од вработените Јасмин Палмер.
Пред да излезе од киното лосот останал уште околу десетина минути во салата. Ник Фаулер, биолог за диви животни од Одделот за риби и дивеч во Алјаска, рече дека храната на луѓето не е секогаш добра за овој вид на животни.
„Не знам дали брзата храна е добра за лос или не, но со сигурност можам да кажам дека тоа не е неговата природна исхрана“, рече Фаулер.