Мадона повторно објави видeо на кое е гола и ги налути фановите. Пејачката во најавата за својата нова NFT-колекција работела со уметник, дизајнер и аниматор со името Beeple, кој е познат по неговите бизарни видеа.
Тие ѝ велат дека во последните неколку години го изгубила допирот со реалнoста и дека и покрај тоа што има фанови што ја поддржуваат, има и такви што сакаат да се врати старата Мадона. Пејачката објави три видеа за кои фановите велат дека не знаат кое е побизарно.
Таа се појави во анимирани мини филмови со име Mother Creation, на кое фановите можеа да ја видат целосно гола. Филмовите се на продажба и може да се купат и со криптовалути. Парите дадени за нив ќе одат во хуманитарни цели.
„Сакав да го истражам концептот на создавање не само на начин како едно дете доаѓа на свет туку и на кој начин уметникот работи на својата креативност“, рече Мадона.
⚫️ Madonna and Beeple Launch a new Exclusive NFT Collection !
Madonna and Beeple have been working on the NFT project “Mother of Creation” for one year, who includes 3 single-edition NFTs. The three works represent a different form of birth in our contemporary world. pic.twitter.com/MSmqcWFfC7
— NFT DROP NEWS (@NFT_DROPNEWS) May 10, 2022
И покрај хуманиот гест, овие видеа наидоа на критики кај фановите, па затоа и самото надавање на аукцијата се одвиваше бавно. Тие велат дека експлицитните видеа се вознемирувачки, а некои дури ги нарекоа и гадни, претерани и очаен потег на пејачката.
„Страшно, грозно, бегај од оваа планета. Ти си пореметена. Проблемите се лечат кај психијатар, не вака. Прво не се помирува дека старее, а сега сака и да раѓа. Имаш чудни фетиши, бизарно е ова, ја изгуби почитта кај сите. Зошто некој би сакал да го гледа ова. Ти си болна“, биле само некои од коментарите.