(Видео) Маж е ослободен по поминати 28 години невин во затвор

(Видео) Маж е ослободен по поминати 28 години невин во затвор

пред 2 години

Американецот Ламар Џонсон поминал 28 години во затвор за убиство кое не го извршил. Судот го ослободи откако ја отфрли пресудата, велејќи дека има цврсти докази дека е невин.

Џонсон во 1994 година бил осуден за убиство на Маркус Бојд. Жртвата била застралана и убиена од две маскирани лица пред неговата куќа. Полицијата и обвинителстовто мотивот го барале во пари за дрога.

Џонсон секогаш тврдел дека е невин и дека за време на убиството бил со девојка му. Но и покрај тоа е осуден на доживотен затвор. Со него бил осуден и Фил Кембел, кој призна вина и е осуден на седум години затвор.

Откако судијата го ослободи, Џонсон замина од судницата и им се заблагодарил на новинарите и сите кои рабтеле да докажат дека е невин. Пресудата ја поздрави и неговата адвокатка Ким Гарднер, која во август минатата година поднела барање до судот да го ослобдат, пренесе „Асошиетед Прес“.

„Иако ова е убав ден за нас сепак ништо не може да го врати она што му одземено. Не може да му се вратат трите децени кои ги изгуби додека беше одвоен од ќерката и семејството“, рекоа неговите адвокати.

Додадоа и дека доказите со кои го ослободиле биле достапни за време на судењето, но биле скриени и игнорирани.  Пресудата била ослободителна и по признанието на Џејмс Хауард, кој рече дека тој е убиецот.

Хауард (46) отслужува доживотна затворска казна за убиство и други злосторства што се случија три години по смртта на Бојд.

Share
Scroll to Top