Поранешниот фудбалер на Интер Јан Карамо неодамна бил претепан од маж, затоа што го фатил со девојка му. Човекот кој го претепал го снимил Карамо како плаче и моли за прашка, а снимката за брзо време се раширила на интернет.
По неколкуте удари во лицето и вилицата, Карамо завршил со скршен нос, по што морал да оди и во болница. Во меѓувреме судот го осуди напаѓачот на две години затвор поради насилство и закана со оружје.
„Имаше нож во едната рака, а мене ме удираше со другата. Имам семејство и гордост, а ова никогаш нема да го заборавам“, рекол фудбалерот кој е со потекло од Брегот на слоновата коска. Подоцна преминал во помладата категорија на репрезентативци на Франција.
Поранешниот фудбалер на Интер, претходната сезона минал на позајмица во турскиот тим Карагумрука, тим кој неодамна го превзема Андреа Пирло. Сега останува да се види дали ќе остане кај него или ќе се врати во Парма.
• Selon les commentaires qui circulent sur les réseaux sociaux, il s’agirait, dans cette vidéo, du footballeur franco-ivoirien, Yann Karamoh, pris en flagrant délit d’adultère pic.twitter.com/cFAikv8X1G
— Chroniques 225 (@Chroniques225) June 13, 2022