Теона е Македонка која изминатиот период стана популарна на Инстаграм со нејзините видеа, односно како звучи македонскиот јазик на најразлични акценти.
Нејзиниот инстаграм профил е „The language blondie“, а во описот има напишано „Здраво, јас се викам Теона и ќе ти помогнам да зборуваш кој било јазик како мајчин“.
Теона одлично говори италијански, француски, шпански, руски, но и одлично ги изведува имитациите како би звучел македонскиот јазик доколку се зборува со акцентот на погоренаведените земји.
„Ова е мојата супермоќ кога станува збор за учење јазици и стекнување акценти: не се плашам да правам грешки. Всушност ги сакам, затоа што се апсолутно неопходни. Практиката е втората најважна работа кога станува збор за учење јазик, а повеќето луѓе никогаш не ја прават затоа што се плашат да не се „засрамат себеси“ и да направат грешка. Грешката не е срамна. Грешка е како учите. Грешка е како ќе станете подобри. Грешката е победа. Секогаш. Мислам, погледнете ги моите грчки пријатели, ги правев најглупавите грешки досега и не можев да се сетам на ништо што ме научија 7 дена, а тие сè уште ме сакаат“, објасни Теона на едно од видеата.