(Видео) Манијак напаѓа жени низ улиците на Белград

(Видео) Манијак напаѓа жени низ улиците на Белград

пред 1 година

Манијак среде Белград напаѓа жени на улица, пренесоа тамошните медиуми. Ги удирал, викал по нив, а една и ја соборил на земја. Младата девојка била снимена како беспомошно лежи покрај автобуска станица. Друга случајна минувачка се обидела да ја одбрани.

dobivaj vesti na viber

Како што е пренесено на „Инстаграм“ страната Serbia live beograd rezerva, се работи за маж кој физички се пресметува со жени. Пред девојката која ја соборил, наводно удрил уште две.

„Некој манијак удира жени во Белград. Човекот удри две жени пред девојката која ја собори на земја. Еден човек се обиде да и помогне на жената, но насилникот ја собори на земја, па почна да се расправа. Претходно се дереше на сите минувачи дваесетина минути“, е напишано под видеото.

Share
Scroll to Top