(Видео) Ме ипресионира начинот на кој ги обедини сите, рече Шон Пен по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски

(Видео) Ме ипресионира начинот на кој ги обедини сите, рече Шон Пен по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски

пред 3 години

Глумецот Шон Пен го даде своето прво интервју откако се врати од Украина каде го снимаше документарецот за војната со Русија. Во разговор за „Си-ен-ен“, тој се рече дека се сретнал со украинските претседател Володимир Зеленски и рече дека бил импресиониран од начинот на кој ги обединил сите.

„Беше јасно дека бев во присуство на некој посебен. Тоа беше нешто ново за модерниот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини земјата. Бев импресиониран, трогнат и преплашен за него и за Украина“, рече Шон Пен по средбата со Зеленски.

Тој додаде дека неговата непрофитна група им помага на луѓето во Украина. Тие им даваат хигиенски средства на бегалците како и парична помош и вода. Тој рече дека животот на Украинците се целосно променети и дека сега живеат во една мрачна нова реалност.

„Многу од луѓето ја напуштија својата работа и останаа без ништо. Тоа сега е нивната нова реалност“, рече Шон Пен.

За потсетување, Пен во Киев стигна пред нападот на Путин врз Украина. Од Канцеларијата на украинскиот претседатл потврдија дека глумецот дошол во Киев за да снима филм за конфликтот. Оскаровецот ја посети Канцеларијата на Зеленски и разговараше со потпретседателката на владата Ирина Верешчук, како и со локалните новинари и припадници на украинската војска.

Share
Scroll to Top