(Видео) Мистериозен симбол на маицата на Макрон, дали францускиот претседател е дел од некакво тајно друштво?

(Видео) Мистериозен симбол на маицата на Макрон, дали францускиот претседател е дел од некакво тајно друштво?

пред 3 години

Обраќањето на францускиот претседател Емануел Макрон, за значењето на вакцините против корона, беше засенето од дизајнот на неговата маица.

Дали е во прашање птица, сублиминална порака или некој таен знак, или пак е во прашање само обично лого, е нешто кое го поставуваат голем број на теоретичари на заговор.

Неколку часа откако тој се обиде да ги убеди младите Французи да се вакцинираат, целата земја почна да ја коментира неговата маица и мистериозниот симбол, пишува Депеш.

Францускиот претседател го замени своето стандардно сиво одело, бела кошула и кравата со нешто помодерен избор, црна маица со кратки ракави. На крајот излезе дека неговиот моден избор предизвика лавина шпекулации и теории на заговор.

Што значи ова? Дали постои некоја скриена порака во изборот на облеката на Макрон? Дали претседателската палата се обидува да испрати некаков знак на граѓаните? Дали претседателот е член на некое тајно друштво? биле голем дел од коментарите и прашањата на социјалните мрежи.

Првата теорија, како што пренесува „Гардијан“, е дека станува збор за лого на некаков Боемски клуб, политичка група создадена во Калифорнија во 1872 година и наречена по европско боемско движење кое и има контрирано на буржоазијата.

Денес тоа е исклучиво машки клуб, составен од бизнисмени и политичари од САД, Европа и Азија. Иако Боемскиот клуб има свое лого, тоа не е исто како геометриското лого на маицата на Макрон.

Дополнителна конфузија беше предизвикана од фактот дека двата збора на француски може да се преведат како „був“ – хибу (був со разбранувани пердуви во близина на ушите) и chouette (був што не е накострешен).

Од Елисејската палата, засега се немаат огласено по повод оваа теорија. Трговци со претприемачки дух веднаш ја искористија можноста и ја понудиле маицата на Макрон на „Тик ток“ за цена од 20 долари.

Извор/Курир.рс

Share
Scroll to Top