Пар од Грција направија венчавка на дно на море. Петрос и Мирта се венчаа во близина на островот Алонисис.
Младенците се погрижиле за секој детал. Пред церемонијата земале часови по нуркање, за се да помине во најдобар ред. Невестата имала и венчаница, а под вода имале и свадбени украси. Присутни на дното на морето биле две деверици, претседателката на Комитетот за туризам Марија Агалу која ја преземала организацијата на венчавката, како и тројца нуркачки инструктори.
Гостите не можеа да бидат под вода, па церемонијата ја следеа на директниот пренос на плажа. Во Алонисос, ова беше првата подводна граѓанска венчавка во Грција.