Пејачот Влатко Лозаноски по подолго време објави нова песна, наречена „Вардаре“. Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветкоски, со кои Лозано соработува одамна. „Вардаре“ им се допадна на фановите, па тие му напишаа дека ги расплакал со својата емотивна изведба.
„Браво мајсторе“, „Знаеш да погодиш во срж, слушам и плачам“, се дел од коментарите.
Видеото, снимено на неколку локации, го режираше Даниел Јовески, а во него се појавуваат актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, но и неколку млади глумви од актерската школа на Весна Бејби.
„Песната е дел од мојот проект ‘Километри’. Се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Лозано.