(Видео) Музичко матине со Викторија Лоба: Поп-пејачката им се врати на настапите во живо

(Видео) Музичко матине со Викторија Лоба: Поп-пејачката им се врати на настапите во живо

пред 3 години

Поп-пејачката Викторија Лоба сними анплагд верзии на шест песни од албумот „Нов свет“. Проектот замислен како пладневно музичко матине, Лоба го реализираше со нејзините пријатели Дина Јашари (придружен вокал), Кристијан Кожумановски (бас гитара), Теодор Теодосиевски (тапани), Стефан Алексовски (клавијатури) и Филип Попов (гитара).

„По долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме – го правиме“, вели Лоба.

Пејачката додава дека ѝ е посебно драга новата верзија на песната „Само мој“, која е со нов аранжман.

„Ова предизвика нова емоција и нов стил на изведба на самата песна“, вели Викторија.

Освен „Само мој“, во проектот се вклучени и песните „Нов свет“, „Една единствена“, „Дојди“, „Опиум“ и „Воздишка“.

Share
Scroll to Top