(Видео) Најпопуларниот филм на Нетфликс во моментов е снимен во Хрватска

(Видео) Најпопуларниот филм на Нетфликс во моментов е снимен во Хрватска

пред 4 недели






Моментално најпопуларниот филм на Нетфликс е The Union, кој е достапен на платформата од 16 август.

Во главните улоги се познатите холивудски актери Марк Волберг и Хали Бери.

Филмот се снимал во Истра, есента 2022 година. Филмската екипа поминала 14 дена на неколку локации во Истра. Од вкупно 701 член на екипажот, 262 биле хрватски филмски работници, а дополнително биле ангажирани 19 практиканти и 72 статисти, пишува HAVC.

Регионален експрес известува дека снимањето се одвивало во Ракаљ, Стари Ракаљ и Ровињ.






Share
Scroll to Top