ВИДЕО | „Не ме туркајте!“: Расел Кроу им се налути на „ловците на автограми“, па возврати на критиките

ВИДЕО | „Не ме туркајте!“: Расел Кроу им се налути на „ловците на автограми“, па возврати на критиките

пред 2 часа

Холивудскиот актер Расел Кроу имаше напната средба со обожаватели и таканаречени „ловци на автограми“ пред хотел во Париз, а видеото од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Ѕвездата на култниот филм „Гладијатор“ бил снимен додека го напуштал хотелот и се упатувал кон аеродромот, кога бил опколен од група луѓе кои барале фотографии и автограми.

Во видеото се гледа како актерот се обидува да воведе ред и да спречи турканици меѓу присутните.

„Ме слушате ли? Стојте каде што сте, не ме туркајте и ќе дојдам до вас. Дајте им простор на сите. Штом некој ќе стане идиот, си одам. Јасно?“, им порачал Кроу на собраните фанови.

Актерот продолжил да потпишува фотографии од „Гладијатор“, но во еден момент одбил необично барање од еден обожавател кој побарал покрај потписот да го напише и името „Максимус“, ликот кој Кроу го толкуваше во славниот филм.

„Не“, кратко одговорил актерот и продолжил понатаму.

Американскиот портал ТМЗ го објави видеото со коментар дека актерот „не бил расположен“ за своите обожаватели, но Расел Кроу не остана должен и преку социјалната мрежа Икс јавно возврати на ваквите тврдења.

„Кликбејт. Сите добија автограм и фотографија со мене, преминот до хотелот остана слободен за гостите, а јас сепак стигнав навреме на аеродром. Еден човек, без обезбедување. Завршена работа. Во што е проблемот?“, напиша актерот.

Видеото за кратко време стана вирално, а дел од корисниците на социјалните мрежи застанаа во одбрана на Кроу, наведувајќи дека актерот само се обидувал да одржи ред и да избегне хаос.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top