Поранешната свршеница на украинскиот боксер Владимир Кличко, Хајден Панетиери, рече дека не можела мирно да седи и да гледа што се случува во Украина, па затоа решила да почне да собира донации за украинските бегалци.
„Не постојат зборови со кои може да се опише војната во Украина. Ужасно е да се знае дека луѓето кои ги сметам за семејство и пријатели, очајно се обидуваат да се изборат за својот живот и земјата која ја сакаат“, порача таа во видеото кое го обајви на фановите.
Панетиери им се приклучи на големиот број ѕвезди кои се обидуваат да соберат пари и хуманитарна помош за Украинците. Таа видеото го објави на „Јутјуб“ каналот на организацијата Hoplon International.
„Ја создадов самата оваа организација за да можат директно да им помогнам на луѓето. Не можам да стојам на страна и да гледам како оваа катасрофа беснее. Ве молам немојте да седите и вие со скрстени раце. Помогнете со донирање колку што можете, затоа што заедно можеме да помогнеме во нивната борба“, порача Панетиери .
За потсетување Кличко и Хајден се разделија во 2018 година, а неколку пати во меѓувреме се смируваа. Турбулентната врска ја крунисаа со брак, но на крајот повторно се разделија.