(Видео) Нов летен хит „Убав е“ на Сара Мејс

(Видео) Нов летен хит „Убав е“ на Сара Мејс

пред 2 дена

Сара Мејс создаде нова музичка приказна, хит што лесно влегува во уши, а тешко се заборава. Емотивната и енергична „Убав е“ е авторско дело на Сара (музика и текст), за аранжманот се погрижи Роберт Билбилов кој внесе заразен диско ритам, со видеоспот снимен на плажи во Грција и во Скопје. Апсолутно, ова не е само песна што ќе се пее, туку и песна што ќе се почувствува, а многумина и ќе ги подзамисли.

Љубовта, како вечно актуелна тема, често комплицирана, но секогаш длабоко човечка – е главниот лик во оваа музичка приказна. Ова не е само песна за него, ова е песна и за неа. Сара, преку својот препознатлив стил, длабока емоција и уметничка елеганција, ја раскажува приказната на една жена што се преиспитува и се „бори“ со себе.

 

„Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам“…

Спотот како визуелна бајка, плажа, морско синило, зајдисонце и специфичната, ненаметлива женственост што Сара природно ја носи, идеално ја надополнува целата музичка приказна.

Share
Scroll to Top