Музичарот Стјепан Хаузер одржа концерт во белградска арена на кој присуствуваше и Новак Ѓоковиќ со семејството.
Новак во еден момент сакал да му се придружи на Хаузер на сцената, па се качил по скалите од првиот ред, каде седнал со сопругата Јелена, братот Марко и неговата девојка Летиција.
Ноле земал саксофон на сцена, и ја забавуваше публиката како што само тој знае и доби огромен аплауз.
Пред концертот тенисерот се дружел со Стјепан зад сцената, а Новак добил и подарок од музичарот. Му подарил производ од неговата винарија во црна кутија, а тенисерот бил воодушевен. Тие се договориле и да се напијат по завршувањето на концертот.