Американската стриминг-платформа Tubi на „Јутјуб“ го објави трејлерот за играниот филм Hot Take: The Deep/Heard Trial, во кој е прикажано судењето на глумецот Џони Деп и неговата бивша сопруга Амбер Херд. Филмот е во режија на Сара Лохман.
Во него се појавуваат Марк Хапкапка која ќе го глуми Деп, а Меган Дејвис ќе биде во улогата на Херд. Покрај нив се појавуваат и Мери Крег, адвокатката на Амбер, Илејн Бредехофт и Мелиса Марти која ја глуми адвокатката на Џони Деп, Камил Васкез.
Филмот го прикажува судењето меѓу бившите сопружници и медиумскиот циркус кој ги следеше во целиот тој период. Во филмот не се прикажани само сцени во судницата. Снимени се и реакциите на Деп на коментарите на Амбер, како и оние од злоупотребувањата, па дури и на обожавателите.
За потсетување, Деп ја тужеше Амбер за клевета и бараше од неа 50 милиони долари за текстот кој таа го објави во „Вашингтон пост“, во 2018 година. Херд во тој текст себе се опиша како јавна личност која трпи семејна злоупотреба, а неговите адвокати рекоа дека бил лажно обвинет.
Иако Херд го немаше спомнато Деп во текстот, нејзините коментари за семејно насилство брзо се поврзаа со актерот, а тој тврдеше дека текстот влијаел на неговата кариера. Како резултат на тоа го напушти и снимањето на франшизата Fantastic Beast.
Бившата холивудска двојка на крајот заврши на суд, а целото судење беше медиумски следено и достапно за јавноста. Ги следеа милиони, а поротата на крајот застана на страната на Деп. Одлучија дека обвинувањата на Амбер во „Вашингтон пост“, биле злонамерни.
Деп доби 10 милиони долари отштета и 5 милиони долари казнена отштета. Амбер ја доби контратужбата за клевета, па Деп мораше да ѝ плати 2 милиони долари. Таа го тужеше затоа што ја обвинил неа и нејзините пријателки дека измислиле приказна за полицајци под водство на нејзината адвокатка и публицист. На поротата ѝ беа потребни 14 часа за да донесат одлука.
За потсетување, Деп и Амбер се запознаа во 2009 година, на снимањето на „Порториканска ноќ: Дневникот на опивање“, а беа во брак од 2015 до 2016 година. Судењето за клевета почна во април годинава и траеше два месеца. За тоа време поротниците сослушаа повеќе од 100 часа сведочења. Сослушаа десетици сведоци, меѓу кои и оние на Деп и Амбер.