(Видео) Ова е твоето бебе, викаше жена која упадна на судењето на Џони Деп и Амбер Херд

(Видео) Ова е твоето бебе, викаше жена која упадна на судењето на Џони Деп и Амбер Херд

пред 2 години

Инцидент се случи за време на судењето на Џони Деп и Амбер Херд, откако жена со бебе во рацете упадна во судницата и почна да вика по глумецот дека е негово.

dobivaj vesti na viber

„Џони, многу те сакам, нашите души се поврзани. Ова бебе е твое“, му рече таа на Деп.

Заменик судијата веднаш побара жената да биде исфрлена од судницата. Подоцна жената за Law&Crime рече дека целата сцена ја испланирале со нејзиниот сопруг и дека мислеле дека ќе биде смешно.

За потсетување, Деп ја тужи Амбер заради писмото кое го објавила во „Вашингтон пост“ во кое го обвинила за семејно насилство. Во тужбата навел дека тоа писмо му ја уништило кариерата.

На негова страна застана и пејачката Кортни Лов, која пред судот сведочеше како Деп ѝ го спасил животот откако таа се предозирала во еден ноќен клуб.

„Ми пружи прва помош откако се предозирав пред клубот Viper Room во Калифорнија. Бев навлечена на хероин. Тоа се случи 1995 година. Социјалната служба и помогна на мојата ќерка Францес да го преброди тој период. Џони напиша и писмо на четири страни и се обиде да ја утеши. Тоа го направи за нејзиниот 13 роденден. Со Деп тогаш не се познававме многу добро“, рече музичарката.

Share
Scroll to Top