Jавна обвинителка Фатиме Фетаи вчера беше во Палермо каде што од трибините на стадионот „Ренцо Бербера“ го гледаше натпреварот Македонија-Италија. Друштво ѝ правеше министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на судот во Кавадарци, Лазар Нанев.
Фетаи, која е страсен навивач на Милан, беше видно возбудена од постигнаиот гол во 92. минута. Секако дека внимание привлече и со стилот – црна лакована чанта која ја преметнуваше од рака во рака додека аплаудираше за македонската реперезентација. За на трибините во Палермо обвинителката избра беж мантил и секако црвен кармин и црвени нокти, кои ѝ се заштитен знак.