(Видео) Откако се разголи за јавноста, пластичен хирург проговори и имаше што да каже

(Видео) Откако се разголи за јавноста, пластичен хирург проговори и имаше што да каже

пред 2 часа

Пролетната кампања на брендот Calvin Klein, во која глумицата Дакота Џонсон ја игра главната улога, го привлече вниманието на бројни критичари, особено на еден пластичен хирург.

Да потсетиме дека Дакота Џонсон е заштитно лице на пролетната кампања на брендот Calvin Klein. Актерката неодамна позираше во смели модни парчиња, или поточно, долна облека од познатиот бренд, но само во градник. Со ова, таа вешто го покри интимниот дел од телото, но не ја пропушти можноста да го покаже својот зачудувачки изглед.

Самата кампања привлече големо внимание од јавноста, особено од пластичниот хирург д-р Шон Мекнали, кој одлучи да коментира за „тајната“ на нејзиниот изглед. Анализирајќи фотографии од гореспоменатиот бренд, тој ја изнесе теоријата дека Дакота имала неколку козметички процедури.

„Се сомневам на горна блефаропластика и „browpexy“ бидејќи има повеќе отворен простор над линијата на трепките и се чини дека нема вишок кожа“, рече тој. „Претпоставувам дека станува збор за browpexy операција, а не за класично подигнување на веѓи, бидејќи резултатот е суптилен, а нејзината линија на коса е толку висока што не можам да замислам некој да прави подигнување на веѓи“, објасни тој.

Д-р Шон исто така верува дека користела ботокс и филери за усните и образите, како и некои други производи:

„Најмалку, таа користи квалитетни производи за нега на кожата за да ја одржи текстурата и тонусот, но третманите како IPL или BBL за пигментација, како и полесните ласери за подмладување на кожата, сигурно не се исклучени“, заклучи тој.

Share
Scroll to Top