(Видео) Откриен тајниот бункер во Аргентина, каде Хитлер планирал да се сокрие

(Видео) Откриен тајниот бункер во Аргентина, каде Хитлер планирал да се сокрие

пред 3 години

Поранешниот американски специјалист Тим Кенеди и ветеранот на ЦИА Боб Бер, изјавиле дека во Аргентина било откриено засолништето кое наводно било изградено за раководството на Третиот Рајх, пренесува британскиот весник „Експрес“.

Кенеди и Бер сметаат дека токму ова место било изградено специјално за Хитлер, кој во случај да ја изгуби војната, планирал да избега од Германија и да се сокрие во Аргентина.

Истражителите за време на ископувањето на ова подрачје, откриле и фотографија од Хитлер со Бенито Мусолини. Според тврдењата на Американците, ова засолниште се наоѓа во регион во Аргентина, кој е 600 милји оддалечен северно од градот Буенос Аирес.

Меѓу лоланото население, кружат бројни легенди за присуство на три мистериозни градежни изданија, кои биле оддалечени од неколку населби и патишта.

„Со децении се ширеа само легенди и локален фолкор, кои даваа некакви објаснувања за овие три мистериозни камени градежни зданија, кои биле изолирани од цивилизацијата и оддалечени од патиштата“, велат локалните жители.

Археолозите меѓу градежните зданија, откриле и кутија од 1940 година, која била наполнета со златни монети. Истражувањата покажале дека станува збор за монети направени во Германија, за време на Втората светска војна.

Била пронајдена и фотографија од дете во нацистичка униформа со сватсика на раката. Но, она што особено ги изненадило археолозите, била фотографијата на Хитлер со Бенито Мусолини.

„Без сомнение, ова е форензички доказ дека на ова место биле нацистите“, заклучиле тие.

Според документите, од кои ФБИ претходно ја тргна ознаката за тајност и доверливо, Хитлер планирал да се сокрие во овој бункер во Аргентина, во случај да ја изгубел војната. На крајот тој не успеал да ја напушти Германија.

Советската армија влегла во Берлин, а тој извршил самоубиство во својот подземен бункер. ФБИ ја проучувал и теоријата за тоа дека, наместо Хитлер, во бункерот останал неговиот двојник, додека лидерот на Третиот рајх, побегнал на аеродромот „Темпелхоф“, јаде го чекал хеликоптер.

Потоа Хитлер со авион бил префрлен во Шпанија, а потоа на Канарските острови, од каде со подморница заминал за Аргентина. Но, таа теорија била отфрлена во 2018 година, по анализата на забите пронајдени во бункерот во Берлин.

Таму со сигурно е потврдено дека диктаорот загинал.

 

Share
Scroll to Top