(ВИДЕО) Откриени наводните хонорари на ѕвездите од „Одисеја“: Зендеја заработила речиси 5 милиони долари за само шест сцени

(ВИДЕО) Откриени наводните хонорари на ѕвездите од „Одисеја“: Зендеја заработила речиси 5 милиони долари за само шест сцени

пред 8 часа

Новиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан продолжува да руши рекорди на кино благајните, а покрај успехот на филмот, големо внимание предизвикаа и информациите за наводните хонорари што ги добиле главните актери.

Според американскиот Times Entertainment, објавени се проценките за заработката на најголемите ѕвезди во филмот, при што Мет Дејмон, кој го толкува главниот лик Одисеј, очекувано е актерот со највисок хонорар.

Филмот, кој премиерно беше прикажан на 17 јули, ја носи на големото платно легендарната приказна за грчкиот крал Одисеј и неговото долго враќање дома по завршувањето на Тројанската војна. За само неколку дена од прикажувањето, остварувањето веќе инкасираше 264 милиони долари на светските кино-благајни.

Мет Дејмон – 15 милиони долари

Мет Дејмон, кој го игра Одисеј, се појавува во најголем дел од филмот – вкупно 46 сцени. Според наводите, за оваа улога добил 15 милиони долари, што во просек изнесува повеќе од 326.000 долари по сцена.

Том Холанд – 10 милиони долари

Том Холанд го толкува Телемах, синот на Одисеј, и се појавува во 24 сцени. Наводно, неговиот хонорар изнесувал 10 милиони долари, односно околу 416.666 долари по сцена.

Зендеја – речиси 5 милиони долари за шест сцени

Една од најинтересните информации се однесува на Зендеја, која ја игра божицата Атена. Иако нејзиниот лик се појавува во само шест сцени, американските медиуми тврдат дека актерката заработила близу 5 милиони долари, што значи дека секое нејзино појавување на екранот вредело околу 833.333 долари.

Ен Хатавеј – до 5 милиони долари

Ен Хатавеј, која ја игра Пенелопа – верната сопруга на Одисеј, наводно добила хонорар од 4 до 5 милиони долари. Таа се појавува во 16 сцени, што значи дека заработила приближно 312.500 долари по сцена.

Роберт Патинсон – околу 6 милиони долари

Роберт Патинсон го игра Антиној, еден од главните противници во приказната, кој се обидува да ја придобие Пенелопа и планира да го убие Телемах. Според објавените информации, актерот се појавува во 14 сцени и добил хонорар од околу 6 милиони долари, или приближно 428.571 долар по сцена.

Елиот Пејџ – 1,5 милиони долари

Елиот Пејџ го толкува ликот на Синон, грчки војник и братучед на Одисеј кој учествува во борбите за време на Тројанската војна. За својата улога во шест сцени, според истите извори, добил 1,5 милиони долари.

Иако овие бројки не се официјално потврдени од продукцијата или актерите, информациите објавени од Times Entertainment предизвикаа голем интерес во јавноста, особено поради огромните суми што наводно ги добиле холивудските ѕвезди за своите улоги во еден од најгледаните филмови годинава.

Share
Scroll to Top