Обезбедувањето во еден патнички авион било принудено да го врзе со салотејп еден од патниците кои не престанувал да вика да се дере и да ја фаќа една од стјуардесите за гради. Арогантното момче направило хаос, велат патниците.
За време на летот од Филаделфија кон Мајами тие велат дека момчето постојано било арогантно и бучно и насилно кон персоналот. Тоа пак во своја одбрана вели дека екипажот бил тој кој што се однесувал кон него како кон говедо.
Frontier passenger allegedly touched 2 flight attendants breasts, then screamed his parents are worth $2 million, before punching a flight attendant. Frontier suspended the crew for duct taping the passenger to his seat as they landed in Miami. 22 yr old Max Berry is in custody. pic.twitter.com/4xS9Rwvafx
— Sam Sweeney (@SweeneyABC) August 3, 2021
Станува збор за 22 годишниот Максвел Вилкинсон Бери, кој во еден момент почнал да го удира со тупаници едниот член од екипажот кој сакал само да и помогне на стјуардесата да го смири.
#frontier #frontierairlines crazy it happened right beside, me it’s crazy out here pic.twitter.com/YdjURlSb5p
— k9spams (@k9spams) August 3, 2021
Максвел продолжил да ги навредува и да им се заканува со тужби, велејќи дека неговите родители и адвокати биле познати и моќни лица. На крајот екипажот бил приморан да го врзе со салотејп и да го пријави во полиција.