(Видео) Пентагон потврди уште една снимка од НЛО направена на брегот на Калифорнија

(Видео) Пентагон потврди уште една снимка од НЛО направена на брегот на Калифорнија

пред 4 години

Снимката на која се гледаат најмалку девет НЛО-а, кои биле видени како летаат околу американски воен брод, биле потврдени од Пентагон како автентични.

„Можам да потврдам дека видеото е снимено од персоналот од морнарицата и од UAPTF, (Неидентификувана работна група за воздушни појави)“, изјавил портпаролот на Пентагон, на дописникот на NBC.

Снимките прв во јавноста ги објавил експерт за НЛО, Џереми Корбел.Тој го објавил видеото на 27, мај и изјавил дека бродот се наоѓал во близина на брегот на Сан Диего во Калифорнија, на 15 јули 2019 година. Според него на видеото се гледа група необични летала и се слуша и еден од операторите како говори: Коло 781 штотуку забрза до 46, 50 чвора.

Потоа се слуша како говори дека леталото достигнало брзина од 138 чвора (250 километри на час) и дека се движи многу брзо.

Според Корбел, еден од членовите на екипажот рекол дека највпечатливо им била издржливоста на леталата. Екипажот ги гледале леталата на небото повеќе од еден час, а потоа сите едноставно исчезнале.

Корбел тврди дека на снимките биле забележани 14 НЛО, но, тој смета дека тие никогаш нема да бидат објавени во јавност. Оваа бројка Корбел вели дека можела да биде многу поголема, ако дел од леталата не исчезнале од системот за следење.

Корбел вели дека дел од нив или потонале во водата или пак летале на висина на која радарите на морнариците не можеле да ги забележат.

 

 

Share
Scroll to Top