(Видео) Пере со куклена претстава ја заспива ќерката Софиа

(Видео) Пере со куклена претстава ја заспива ќерката Софиа

пред 4 години

Пејачот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере објави видео како ја забавува неговата 4-месечна ќерка Софиа. Со плишано мече во рацете, тој ѝ прави куклена претстава што ја нарекол „Да те бацнам еднаш“.

„И денеска ти посакувам да имаш многу убав ден, да си се нацицаш млеко и да си нанаш. А ти додека нанаш јас ќе те гледам и ќе дојдам да те бацнам еднаш“, вели Пере со изменет глас како во приказните додека Софиа се смее на глас.

Софиа е прво дете на Пере од бракот со Јована. Тој ги има ќерките Миа и Каја од првиот брак. Пред да стане татко третпат, во интервју за „Репортер“ ни призна дека чувствува возбуда и трема исто како кога му се раѓале првите деца.

„Тоа што сум веќе искусен татко не значи дека не сум во блага паника. На Јована ова ѝ е прво дете, па можете да замислите колку сме возбудени и среќни и двајцата. Најважно е дека имаме комплетна поддршка од нејзините и моите родители, но и од моите ќерки, така што сигурен сум дека и двајцата ќе се снајдеме одлично. Миа и Каја се пресреќни што семејството ќе добие уште еден член и уште сега прават планови за тоа како ќе помагаат, даваат предлози за името, впрочем тие веќе имаат едно помало братче од мајка им, мојата поранешна сопруга, така што искусни влегуваат во оваа нова приказна“, раскажа тогаш Пере за „Репортер“.

Share
Scroll to Top