(Видео) Петгодишно девојче со прстите ја смирува мајка си од паничен напад

(Видео) Петгодишно девојче со прстите ја смирува мајка си од паничен напад

пред 1 година

Кимберли Бушман од САД на својот Тик-Ток објави видео на кое се гледа како нејзината 5-годишна ќерка ѝ помага да се смири за време на паничен напад, користејќи ја техниката со која таа ја смирува неа кога е вознемирена.

„Таа дефинитивно е мојот спасител. Ти си важна“ – напиша мајката на видеото.

@kimberleebushman She definitely is my saving grace. You matter. #momsoftiktok #calmingtechniques #fyp #panicattack ♬ Pray – Sam Smith

На видео кое досега има над 23 милиони пати, се гледа како девојчето со прстите ѝ покажува на мајка си и ја тера да дувне по една свеќичка (на секј прст) и на крај ѝ вели:

„Сакаш да те прегрнам уште еднаш?“

Видеото расплака голем број следбеници на социјалните мрежи. Оние што страдаат од панични напади знаат дека тие можат да се појават во кој било миг од денот, а чувството дека немате контрола над работите прави да се чувствувате поразено и немоќно.

Share
Scroll to Top