Иван Илиев го објави спотот за новата песна „Бестрага“. Видео го сними во Грција, а во него се појавува Мила Велевска која е главна ѕвезда во спотот.
„Немам ништо со девојката,освен професионален ангажман. Кадрите се снимени во Калитеа, Афитос, Атина. Мила е прекрасна девојка и затоа е дел од мојот нов спот“, ни рече Иван.
Спотот го сними Александар Тасевски и Eye contakct продукција, додека музиката и текстот се на Горјан Стојановски.
За потсетување, Иван снимаше песни и со фолк пејачката Ирена Спасовска. Ти ги снимија „Проблем“, која во оригинал ја пееја Аца Лукас и Маја Беровиќ, а направија и микс од две познати песни „Славија“ на српските пејачи Џеј и Мина и „Јас имам некој, а ти си сам“, на Весна Змијанац и Славко Бањац.