По пауза од три години, рок-пејачот Мартин Србиновски, познат и како Мартин Мила, сними нова песна. Песната „Создаден“ ја работел со продуцентот Гоце Симоновски, а ја објави на неговиот роденден.
За потсетување, Мартин стана познат во јавноста во 2006 година кога беше еден од финалистите на музичкото шоу „М2“, а досега има снимено многу песни и два албума.