Њујоршкиот департман за паркови и рекреација соопшти дека за првпат по пет години, виделе делфини во реката Бронкс. Оттаму ги повикаа сите жители да дојдат и да им посакаат добредојде, но да не ги вознемируваат. Во Бронкс која тече низ југоисточен Њујорк, биле видени еден два делфини.
„Вистина е дека делфини се забележани во реката Бронкс неделава. Ова е одлична вест, затоа што покажува колку се успешни повеќедецениските напори за реката се обови и биде здрави живеалиште за нив. Веруваме дека делфините природно ќе го пронајдат патот до реката во потрага по риби“, рекоа од департманот за паркови и рекреација.
Надлежните апелираат дека и примамливоста да се запознаат овие животни одблизу, луѓето треба да се погрижат на делфините да им биде удобно да им дадат простор и да не ги вознемируваат.