Латино ѕвездата Џенифер Лопез ја сподели атмосферата од својот дом, подароците и изненадувањата од Алекс Родригез, нејзиниот дечко, за Денот на вљубените.
Во првото видео Џеј Ло го покажа огромниот букет црвени рози, кој утрото ја чекал на масата, над кои имало балони во форма на срце со пораки „Те сакам“.
„Боже, што е ова? Прекрасно е… Леле, душо…”, рече Џеј Ло во видеото.
„Февруари е наш посебен месец, наш јубилеен месец. Секој пат повторно се сретнуваме на 1 февруари. Првиот пат излеговме два дена подоцна и оттогаш нема ден да не сме го поминале заедно или разговарале. Сè уште ме смееш. Ја сакам твојата чудна смисла за хумор. И тоа како секогаш се обидуваш да ја направиш просторијата во која влегуваш уште порадосна. Те сакам и сакам сè што правиш за мене и со мене“, напиша таа.
Вечерта латино пејачката објави уште едно видео од Валентајн декорацијата од нејзиниот стан, која дечко и Алекс ја подготвил за неа.
Кревет послан со рози во вид на срце, на кој се испишани иницијалите од нивните имиња, шампањско и свеќи, огромна ламба на која пишува „Те сакам“ и црвена секси долна облека доби Џенифер за празникот на љубовта.