(ВИДЕО) Проданоски: Над еден милион денари за награди на најуспешните ученици – младите се гордоста и иднината на Прилеп

(ВИДЕО) Проданоски: Над еден милион денари за награди на најуспешните ученици – младите се гордоста и иднината на Прилеп

пред 12 часа

Во прекрасниот амбиент на паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, вечерва беше одржан настан посветен на најуспешните ученици, учесници на државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите.

Дејан Проданоски истакна дека младите се вистинските „Амбасадори на знаењето“, гордост на Прилеп и најсилна потврда дека иднината на градот е светла и сигурна.

„Ова беше вечер посветена на знаењето, трудот, упорноста и соништата. Вечер во која покажавме дека Прилеп знае да ги цени оние што со своите успеси го претставуваат нашиот град на најубав можен начин“, порача Проданоски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа поддршката кон талентираните ученици ја покажува и на дело. Од општинскиот буџет се издвоени над еден милион денари за наградување на учениците, како дополнителен мотив за нивните идни успеси.

Согласно Правилникот на Општина Прилеп, за освоени места на државни натпревари ќе бидат доделени награди од 5.000, 6.000 и 7.000 денари, додека за меѓународни натпревари наградите изнесуваат 7.500, 8.000 и 9.000 денари.

Проданоски упати честитки до сите наградени ученици, нивните родители, училиштата, наставниците и менторите, нагласувајќи дека нивните успеси се успех на целиот град.

„Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што најголемата инвестиција што можеме да ја направиме е инвестицијата во нашите млади. Нивниот успех е наша заедничка гордост, а нивните достигнувања се иднината на Прилеп“, истакна Проданоски.

Настанот беше збогатен со музичко-забавна програма, за која се погрижија DJ Ангела Димеска и The Doctors. Проданоски упати благодарност и до општествено одговорните компании кои ја поддржале иницијативата, нагласувајќи дека кога станува збор за младите, знаењето и иднината на Прилеп – сите треба да бидат заедно.

„Честитки, амбасадори на знаењето! Продолжете да сонувате, да учите и да победувате, Прилеп е горд на вас“, порача Проданоски.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share
Scroll to Top