(Видео) Протест на црвениот тепих во Кан против семејно насилство и убиство на жени

(Видео) Протест на црвениот тепих во Кан против семејно насилство и убиство на жени

пред 2 години

Дванаесет жени се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал држејќи транспарент со имињата на 129 жени кои беа убиени во Франција од минатогодишното издание на Канскиот филмски фестивал, објави Гардијан. Жените држеа и црни факели во рацете и беа облечени во црно, а француските медиуми јавуваат дека се работи за активистки на феминистичката група „Les Colleuses“.

dobivaj vesti na viber

Обезбедувањето на фестивалот не реагираше, а активистите одржаа протест пред актерите и членовите на продукцијата да почнат да влегуваат во салата каде се одржува фестивалот во Кан.

Филмот „Holy Spider“, во режија на Али Абаси, роден во Иран, е за новинар кој истражува сериски убиец на сексуални работници во иранскиот град Машхад. Се заснова на вистинска приказна за маж кој убил најмалку 16 жени во Иран.

Ова е втор протест на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, бидејќи во петокот, пред премиерата на филмот на Џорџ Милер „Три илјади години копнеж“, неидентификувана жена ненадејно се појави на црвениот тепих за време на парадата, ја искина облеката и покажа порака „престани да не силуваш“.

Share
Scroll to Top