Репортерот Сјо рд ден Дас од Холандија, додека известуваше за Зимските олимписки игри во Пекинг, за време на свечената церемонија за отворањето на Игрите, беше окружен од неколку лица од обезбедувањето. Еден од нив го фати, почна да му вика и да го бутка. По инцидентот, преносот во живо беше прекинат.
„Нашиот дописник беше оддалечен од камерата од чуварите во 12.00 часот за време на вести во живо. За жал, ова станува секојдневна реалност за новинарите во Кина. Тој е добро и можеше да ја заврши својата приказна неколку минути подоцна“, напишаа холандските медиуми на Твитер.
Од Меѓународниот олимписки одбор изјавија дека ова е изолиран случај и нема да влијае на известувањето на странските медиуми на Зимските олимписки игри во Пекинг.