Фолк пејачката Сузана Гавазова често на социјалните мрежи знае да се пофали дека добро се снаоѓа во кујната како домаќинка. Редовно ги информира нејзините следбеници за тоа што подготвува за ручек или вечера за нејзиното смејство.
Гавазова на инста стори објави видео како подготвува домашно лебче, кое најдобро се меси со македонската песна „Македонско девојче“.
„Дали има на овој бели свет поубаво лебче од домашно лебче? Има ли?“, напиша Гавазова.
Сузе покажа како се размесува тестото за македонски домашен леб, и како треба да изгледа на крајот.