(Видео) „Ролинг Стоунс“ го одржа првиот концерт по смртта на тапанарот Чарли Вотс

(Видео) „Ролинг Стоунс“ го одржа првиот концерт по смртта на тапанарот Чарли Вотс

пред 3 години

Култниот бенд „Ролинг стоунс“ вчеравечер одржа концерт пред 300 луѓе на стадионот во Масачусетс, прв по смртта на нивниот долгогодишен тапанар Чарли Вотс. Мик Џегер рече дека овој концерт е посветен на Вотс, кој почина минатиот месец на 80 години. Групата во тоа време имаше проби во Бостон, а поради ограничувањата за патувања поврзани со пандемијата никој од членивите не можеше да присуствува на погребот на тапанарот во Англија.

„Ова е тажна ноќ за нас, тргнуваме на прва турнеја во последните 59 години без нашиот сакан Чарли. Многу ќе ни недостига, на сцената и надвор од неа. Имаме толку многу сеќавања за него“, рече Џегер.

„Чарли, се молиме за тебе и свириме за тебе“, додаде гитаристот Рони Вуд.

Вотс свиреше со „Ролинг стоунс“ од 1963 година. Сега наместо него, на тапани ќе свири Стив Џордан, кој соработува со бендот од 1980-те години.

Го победи ракот на грлото, се степа со Мик Џегер и 50 години сакаше иста жена – Животната приказна на Чарли Вотс, тапанарот на „Ролинг Стоунс“

Share
Scroll to Top