(Видео) Рускиот тенисер Рубљов испрати порака за мир од Дубаи

(Видео) Рускиот тенисер Рубљов испрати порака за мир од Дубаи

пред 3 години

Рускиот тенисер Андреј Рубљов откако победи во полуфиналето на турнирот во Дубаи, испрати антивоена порака и на камерата што го следеше напиша „Ве молам, престанете со војната“.

Рубљов, кој е седморангиран, минатата недела освои двојна титула во Марсеј, вклучувајќи ја и титулата во двојки каде што игра со својот долгогодишен пријател, Украинецот Денис Молчанов.

Слична порака имаше и рускиот тенисер Данил Медведев, кој од понеделник ќе биде прв на АТП листата. Тој испрати порака за мир од Акапулко, каде што игра на Мексико опен.

„Ги гледам вестите од дома тука во Мексико и не е лесно. Како тенисер, сакам да промовирам мир во целиот свет. Играме во толку многу држави и не е лесно да се слушнат вакви вести. Јас сум за мир“, изјави Медведев.

Share
Scroll to Top